го (зам.) - прости (гл.)

Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сигурно наеднаш го удрило и така го простил Господ братучедот мој Методија, ме остави без убавиот муабет што си го имавме, лесна да му е земјата".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога уште некое време некој ќе го спомнеше, тој не велеше го прости Господ Илета Вегов, туку велеа - „Забара, којзнае што му се случи на Брчалото, како в земја да пропадна, а можеби и волци-врани го раскренаа...“ ***
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се доизвикува и наврапито се завртува спрема гробот, се прекрстува и откако изговорува Бог да го прости зачекорува да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И големината на бесмртната човечка душа е токму во тоа да си го прости себеси гревот свој кон брата си, гледајќи дека и овој му го простил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откоа го ислушал царо, го простил и го излажал, та му рекол: - Лели толкуа си се засилил да работиш, мајсторе, ќе спечалиш и наместо еден нишан да ти даам јас тебе, ќе ти пратам една убаа риба да 'а јадиш со дечињата и да ми праиш за мене доа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чул терзијата тој збор, одвај беше се испраил да ја види рибата, за да не изгуби неколку игли, и му рече на измеќарот како со без ќеф: - А, бре брате, не е за мене таа риба, туку леле царо ми ја прати - бериќетверс'н!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Луѓето си повторуваат: - Бог да го прости! Несреќа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По него и ние велиме; сите, еден по еден велиме: - Е, бог да го прости! Несреќа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние молчиме и го гледаме, а Мисајле Ковачот ќе рече: - Е, бог да го прости! Несреќа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го простил господ на мене, си мислам. Си остинал човекот на моите рамена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето што го изнесоа Дончета Спикоски, се вратија во црквата, и крстејќи се, рекоа: - Бог да го прости! 137
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што е, сестрице, ѝ велам, што ме мериш така со очите? - Јон, вели, Уља, го прости господ Јона, вели и пушта солзи на предници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми дотежнало да лежам па излегов малце да им расправам на децава за чудесијата на поп-Пауна, бог да го прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш пензионираниот пожарникар од Пупипафија Генерал Шмрк за кого мислевме дека се допишува со англиската кралица, ја повторуваше следната поговорка: „Не помагај му на човекот, тој тоа не ќе ти го прости!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Крстот со неговото име врз хумката го забуцува Пелагија и прв пат ќе ја слушнат да проговори Бог да го прости!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За Мајка, ова беше најголемото осквернување на светите книги коешто, со години, не можеше да му го прости на Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Земи за душа од Танаил, - му рекоа. - Бог да го прости, - им рече тој.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој Трифун ги изгуби не само здравјето туку и умот таму на Голи Оток, Бог да го прости.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот, по пауза, додаде: „Случајно дојдов во Струмица и кога разбрав дека Еда го простил господ посакав да му го посетам домот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го прости господ. Ем мачна живеачка, ем мачна сетнина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: Сѐ чешити, чешити...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: (Се крсти.) Бог да го прости, кумот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имаше еден Јане Мажовски, гледа во труповите и само си зборува: Оној ја сврте главата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ај, не мочај пругоре! Оној како да ја собра ногата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, домаќине, зошто не го спомнуваш брат ми, Бог да го прости и коските да му се миросат... - се прекрсти баба трипати и пак праша: - Зошто не го спомнуваш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Господ зулумот да им го прости!“ се прекрсти попот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)