го (зам.) - проследи (гл.)

- Дал ти бог добро, - рече стариот иронично и го проследи со поглед в грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кочо го проследи како слезе по скали и надвор загази во калта. Преку пат застана со двајца селани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Учителката Вера како да го проследи мојот поглед, го виде и таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ангелчето му довикуваше, а тој беспомошно да ја скрши пречката со претешката рака, беше приморан да го проследи неговото заминување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од своја страна почетокот на Граѓанската војна во Грција, американскиот печат и американската јавност ќе го проследи со бран на осуди поради британската интервенција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преку печатот се барало Британците да ги прекинат преземените акции, а САД да посредуваат во настанатата криза меѓу противничките страни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обидувајќи се да ги изгладам лошите размисли го свртив разговорот на сандакот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, неговите зборови беа порозови но притоа и погорчливи од овие што јас ги употребив, но мислата верно ја пренесувам, со малата додавка дека своето размислување Боге од Бањи го проследи и со неколку насмевнувања во кои за жал изостана присуството на птици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”.  За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Загорка умееше на неочекуван начин да си го искаже задоволството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Писателот го проследи со насмевка ова сеќавање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неканетиот со ширум отворени очи го проследи неговото движење и му ја зеде од раце испразнетата чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јавноста е претворена во идеален потрошувач, а јавниот простор со тоа е сведен на стока, со што приватизацијата од страна на комерцијалните интереси станува нов јавен простор. 89 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 128. 79 3.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Важноста на јавниот простор во демократските општества Овој процес на дегенерација на јавниот простор, од сфера на политичка интеракција и комуникација на слободни поединци во денешниот свет на масовна културна потрошувачка и администрација од страна на корпорациите, внимателно го проследува Јирген Хабермас во своето прво клучно дело, „Структурна трансформација на јавната сфера“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)