го (зам.) - пропадне (гл.)

Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашминканото огледало и мојата издолжена појава во долна облека, го пропаднаа последниот обид да доживеам утро кое не наликува на неколкуте пред него.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)