го (зам.) - промаши (гл.)

Бидејќи, во техничкиот свет на либерализмот, што е услов на историското а не фатумското живеење на светот во последниве два века, избирајќи ја својата биологија без рационализација како единствено животно начело, фалениот и галениот натурален и фолклорен живот, го промашува самиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, најлошото не било да сретнеш туѓи прсти во твојот фишек за семки, туку ако го промашиш семкарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го сошивме Цацко, но во онаа возбуда го промашивме – конецот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Доцна пристигна - точно на време за да го види Дејв како доаѓа до втората база кога некој го промаши бејсменот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Не ми е јасно како ли по ѓаволите можев да го промашам“. „Бидејќи е брз, многу брз“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Многу се разлути кога, поради големата возбуда или преголемата смрдеа, го промаши дивјакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Толку сакав да проживеам убаво и среќно откако ќе се омажам, па макар само леб и сол да јадам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу е тешко во животот кога човек ќе го промаши она за кое живеел.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)