го (зам.) - прокоментира (гл.)

А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Британските експерти не можеле да не го прокоментираат присуството на Едвард Кардељ на заседанието.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговото присуство и говорот, според нив, имале само една цел, да ја "осигура крутата верност кон партиската линија", и покрај тоа што тоа на заседанието се настојувало да се наметне "умерено и внимателно".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
V Сајм беше исчезнал. Дојде едно утро, а тој не се појави на работа: неколкумина непромислени го прокоментираа неговото отсуство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)