го (зам.) - проголта (гл.)

Заборав Дејствувањето на виенските Акционисти претставува радикален протест и пречекорување на табуата до таа мера што никогаш не било интегрирано во општествена или уметничка смисла, па поголемиот дел од апострофираната телесна уметност беше: „постојана провокација на општествените структури коишто реагираат со отфрлање - што е еден од главните ризици за уметниците по 1969 г.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ (Pluchart 1978:40) Работата на уметниците што ги употребуваат своите тела, а се покажала како премногу крупен залак за културата да го проголта, неутрализирана е преку маргинализација, митологизација и заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Утредента како мракот да го проголта...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и слепите партии шах, Што ги играм со сонливиот самоповикан господар На мојата приватност, имаат чуден тек Мојот црн Крал на еф 1 му служи за потсмев Речиси постојано го подложува на заканата Дека за час може да го проголта и тоа Без употреба на расипаните заби и Поспаниот јазик.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што се однесува до мене, имав поголема среќа, поминав многу полесно од Кошевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, не само што беше исмејан поради ова негово, како што беше наречено дрско капитуланство туку и го фрлија во брзакот, за да го проголта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо огнот да го голтне дрвото, дрвото го проголта огнот и остана на сред клада, како со вода, а не со оган да сме го дарувале.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Духовитиот одговор му беше на врвот од јазикот, но изразот на лицето на Даниел го натера да си го проголта тој одговор. Тој му дозволи на Даниел да ѝ објасни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бран од самосожалување се спушти врз него и го проголта огромна беспомошност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа ќе направи тој да се чувствува подобро ако го натера да го проголта неверството со сокот од портокали и кафето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози зачекори наназад. Следниот миг го виде мачорот како го крева глушецот и како отрчува накај грмушките за да го проголта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Важно беше само тоа дека сега мудрецот говореше од размо, од неговите длабочини, и веднаш почна своите мудри совети да им ги дели на обичните луѓе кои пак го слушаа со широко отворени очи и уши, како да сакаа наеднаш да го проголтаат сето од него чуено...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Слепа паника. Не можев да не помислам дека тоа излегување ќе го платам со жолтица или дизентерија, треска или нешто слично.” „Треска?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа го проголта залакот речиси незабележано, во еден трзај вратот ѝ се спушти и подигна како кај газела. „Умрев од страв“, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бодликавото прасе ја стивнува забоболката на крокодилот за овој полесно да го проголта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Моето вжештено убедување воопшто не му пречи на насмеаниот доктор Мев со сласт да го проголта последниот залак од еклерот: Смири се, другар - ме запира, стасува да нарача „кафе, погорчливо“, па спуштајќи се во столицата, почнува: - Јас сум оп-тимист!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие луѓе во секој однос со другите луѓе гледаат закана, се плашат дека каква и да е блискост со друго суштество ќе го проголта и она малку што останало од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таквото чувство дека светот може да го потопи нивното Јас, се појавува кај различни луѓе, на различни простори, неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ридот го проголта жешкиот залак. Сѐ, се стиши...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ко гробар бездушен ќе го проголта минатото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пред секој негов самоуверен чекор гледаш потенцијална дупка спремна да го проголта.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше исто како да го проголтна земјата, оној негов Брат, во тие години.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што ти е? Што си се „расцмиздрила“? - повторно мораше да го проголта и овој глагол на Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Здраво тетка Радо! - Рада му го препозна гласот на Виктор. Она „тетко“ ја заболе, но мораше да го проголта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Срцето ми тропна како подлизнат шаржер. Го стиснав со забите со намера да го проголтам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А денот пак мудро молчи...премолчува... се премислува се плаши да не го проголта темнината, да не остане засекогаш таму... да не престане да свети неговото сонце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тој свечено вети да го поддржи глобалниот мир, но тој го проголта, го охрабри склучувањето на сепаратно решение.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа за извесен број арапски владетели претседателот Џими Картер покажа непостојаност и државничка немоќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големата шума, од првото разлистување хранителка на срните и волците, го проголтала коњот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можно ли е тие луѓе да го проголтале тоа, само за дваесет и четири часа? Да, го проголтале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го проголта, меѓутоа, почувствува прилично разочарување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм исто така - на извесен покомпликуван начин, вклучувајќи го и двомислењето - го проголта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Парсонс го проголта лесно, со неговата животинска глупавост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон наполни речиси до врвот една шолја за чај, се подготви за претстојниот шок и го проголта наеднаш, како лек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм одгриза уште едно парче од темно-кафеавиот леб, брзо го проголта и продолжи: „Зарем не сфаќаш дека единствената цел на Новоговорот е да го стесни опсегот на мислата?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иследникот го крена погледот од хартиите и нешто промрмори а потоа се насмевна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам всушност на оној момент кога тоа мало суштество, стрвно, иако со болка, го проголтува првиот бран воздух.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)