го (зам.) - прогласува (гл.)

На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако кај Вертов и Годар е забележливо присуството на авторот, тогаш кај Ворхол е забележливо присуството на машината (камерата) и отсуството на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко внимателно го прочита расказот, благо ме прекори со глас на тивка човечка камбана, кој не престанува да одекнува во мене: „Сине, зошто без да знаеш дали Бог постои, ти го прогласуваш за мртов!”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она што би можеле да го сметаме како техничка некомпетенција, првиот теоретичар на американската авангарда, Јонас Мекас, го прогласува за интегрален дел од нив­ната естетика: „... дури и грешките како што се неострите кадри, камерата која се мрда, несигурните чекори и движења, преекспонираните и неекспонираните секвенци - сето тоа станува дел од новиот филмски речник, неразделна компонента на психолошката и визуелната реалност на модерниот човек”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кон таа крв чувствуваше некаков зазор, дури и Мојсеј, кој на еврејскиот народ му бил ослободувач, законодавец и основач на верата, го прогласуваше за не-Евреин, а од секоја негова реченица во која се наоѓаа не-Евреинот Мојсеј и Евреите, можеше да се почувствува што тој чувствува кон не-Евреинот, а што кон својот народ: „Како е можно еден единствен човек да постигне такво нешто, од индиферентни поединци и фамилии да формира народ, да му втисне конечен карактер и да му ја одреди судбината за цели милениуми?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)