го (зам.) - провери (гл.)

Нико им ги испеа на Дилан и Брајан двете нови песни кои Лу и Џон ги напишаа за неа - Ill Be Your Mirror и All Tomorrows Parties.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол не беше тип на човек кој би висел пред огледало, но секогаш кога излегу­вавме некаде со Нико, не можеше да не се забележи како фрла поглед во огле­да­лото за да го провери својот изглед.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидувајќи критична, таа испитува сѐ, и често е поосетлива за слабоста отколку за јачината на она што го проверува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие одлучуваат за неговиот статус проценувајќи го со истите процедури што тие ги користат за да го проценат кое и да е друго уверување, и го сметаат за сомнително секое гледиште што не поминало низ овие процедури. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 75
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модернистичката филозофија исто така стреми да го занемари здравиот разум и да биде одбојна кон предрасудите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме повика техничкиот уредник да го проверам испланираниот весник и да го одобрам за печатење, за влегување во ротација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бојан убаво ја разгледа кошарата, изѕидана од сите страни со камен, го провери и единственото вратиче од јужната страна, низ кое го исфрлаа ѓубрето од кај говедата, се увери дека добро е закатанчено и сигурно, па излезе, затворајќи ја грижливо вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Понекогаш господинот Гроздановски правеше намерни грешки, смислени, со намера да го провери неговото поведение, па дури и да го збуни, но грифонот никогаш не пропушташе да ја поправи неговата грешка без оглед на тоа дали била намерна или не.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Речиси отточканото може да го проверува и по стопати, да го врти и да го разгледува од сите страни, да го мери со педи, со лакти, со сажни...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А.А., пред заминување, разговара со секој од нас, сака сепак да го провери ефектот на своите воведни зборови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакав да го проверам знаењето на Баждара и наивно, со почит го прашав: - А Авганистан каде е? - Во Англија или Америка...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Своите коли ги одржуваат чисти, а се разбира дека и повремено ги подмачкуваат, го проверуваат воздухот, проверуваат дали има доволно вода во акумулаторот и дали металните плочи се покриени со вода, и го проверуваат нивото на маслото, да не е премногу ниско во кутијата за курбла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го проверува револверот, сосем како да не го стори тоа пред неколку мигови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го запали светлото и го провери секој агол.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Камилски беше подготвен да ѝ придаде на заемката ќерпич многу пошироко и поголемо значење, историско, дури, како што му се изрази на Татко, и филозофско значење, поинакво од што таа предизвикуваше на прв поглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одот ѝ оставаше впечаток на помиреност со ситуацијата во која се наоѓавме и тоа подоцна сакав да го проверам, да го прочитам во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Човекот во белиот мантил се наведна и се загледа одблиску во Винстоновите очи, му го провери пулсот, го положи увото на Винстоновите гради, го потчукна овде-онде; потоа кимна со главата кон О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1. Не знаеше каде се наоѓа. Претпоставуваше дека е во Министерстото на љубовта; но немаше начин да го провери тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакав сега оттаму да го видам и да го проверам изменетиот простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но и Мајка мораше, на некој начин, да го одболедува враќањето, односно да го провери неговото постоење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му иделе и такви луѓе што се преправеле дека се болни за да го кушаат, да го проверуваат, но тој само што ќе ги видел, знаел дали се болни или се преправаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа не можеше сè да задржи за себе, сè да издржи сама, но со невидена сочут и почит го слушаше Татко, ги впиваше во душата и мислите сите негови трепети, сè што можеше да собере од него, да сочува, да прошири во себе, да го провери и дополни значењето на некажаното, на тишината меѓу нив, небаре нејзината душа беше слеана со неговата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не мораме да бидеме риби за да ги сфатиме оние кои немаат мера ни намера потеклото да си го проверат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пушти Сати и повторно седна до неа. ­- Вие таму во Франција, го сакате ли многу Дебиси? - ја праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Морам да го проверам својот изглед.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој дојде во Македонија да го провери своето балканство, балканството на својот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само требаше да го провери тоа и да се увери еднаш засекогаш.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа можеме да го провериме на два начина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Излезе од ровот. Откако пагурите ги собра и ги врза за појасот, го провери шмајзерот и појде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бараше луди излези од тоа што го претпоставуваше: мораше да најде начин да го провери претпоставеното.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)