го (зам.) - притегне (гл.)

Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас тоа одамна го знаев, само јас и знаев, мене Шарпентје ми рече и штом дознав јас него го притегнав онака пријателски: “Дај ми дваесет и пет илјади или утре ќе ти дојде ревизија”; и замислете си тогаш само тринаесет илјади му се најдоа, така што тој мошне навремено умре.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие вдовици и сирачиња веќе самата мисла на нив го жештеше!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го притегна пушкомитралезот. - До наредба не пукај! - се пренесе команда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нешто морало да се стори: или ќе го пуштат да се бие, малку поднапиен бездруго да гине, или ќе го притегнат и озновски ќе го натераат да ги признае декласираноста, лумпенпролетерскиот анархизам и верската заблуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)