го (зам.) - притаи (гл.)

Престана да размислува, го притаи здивот, ги изостри сетилата со цел шумовите да ги восприеми како гласови, да ги поврзе во зборови, во реченици...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секогаш кога ќе фрлев понекој вистински силен збор кон сенките испречени на мојот пат тие самите ќе побрзаа да се повлечат или ќе побараа скривница за да го притаат своето злочесто присуство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само чукањето на срцето не можеме да го притаиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)