го (зам.) - присили (гл.)

Таа свест го убедува народот дека племето е единственото дозволено место за кукавниот живот на овој свет и ги користи сите средства народот да го присили тоа да стане негово убедување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нагонската стравопочит кон тигарот и ниската интелигенција можеа лесно да го присилат овој мајмун да избега.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Никој не можеше да го присили да изведува трикови само за да ги задоволи твоето сопствено јас и твоите предрасуди за сметка на неговите; и спротивно на широко распространетото верување за неблагодарноста и егоцентричноста на мачките, овој мачор возвраќаше со љубов за дадена љубов, без да се покорува и да се лигави како што прави кучето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговите ноќи преминаа во немирно плитко спиење од кое таа го поттурнуваше во будност за да го присили да размислува за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нешто го поткрена, нешто го повлече, го присили да појде во стреата, до колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нашиот став, што електронската технологија го присили во ова ново опкружување, мораме со радост да признаеме дека е примитивен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе го преправат, велам, ќе го присилат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот, некогаш Дмитариноарие, подоцна Дмитар-Пејко, припокриен со запалени гранки без пресметаност на ќумурџиско умеење, се спровирал од својот гроб во шурки чад, патувал невидлив и се враќал со свиркањето на ветрот барајќи ѝ ја трагата на дружината и наоѓајќи ја само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе се доближеа туните крај мрежите, морнарите- ловци, матанѕистите ги обземаше необјаснива грозница. Ги шепотеа во себе зборовите - матанѕа, матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземени, затруени од надежта оти ќе владеат (слично како и тираните), ќе се почувствуваат одговорни за скорешната иднина во која го присилуваат сето битие да владее, да доминира, да убива, за да ја одржи невозможната надеж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За само неколку дена Франција и Британија ќе го присилат да се повлече од Австрија, а потоа ќе доживее пораз и во самата Германија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму ќе го поразат самите Германци; поддршката што тие сега му ја даваат на Хитлер е само привремено помрачување на нивниот ум.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ако им се придружи некој што споро оди, или го присилуваат да ги следи, да брза како нив, или го оставаат; кога чекорат, тупкаат со нозете како тропот на валавница: и маката и лутината во одењето ја оставаат; оние што газат со ситен, кус чекор, темелити луѓе се: одат и размислуваат; одењето им е рамномерно, одмерено, ритмички, како чукање на часовник: со одењето поврзано им е и движењето на телото, мислите и импулсите; одат складно како да ги поврзуваат, нижат чекорите;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едната буква од вертикалниот ред беше падната, а долната штангла, напречната, искривена и целиот круг малку поднаведнат на едната страна, како да потклекнал под тежок напор од другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одамна оваа грдомазна железна конструкција не светеше навечер, а преку ден стоеше изгубена меѓу покривите, на височината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)