го (зам.) - припишува (гл.)

Тоа што водењето љубов не му одеше од рака, го припишуваше на апчињата. Реши повеќе да не ги пие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само што овие медитерански зовриени глави тоа го припишуваат на ашкенаскиот менталитет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали Дишан отпрво ова дело му го припишува на фиктивниот R. Mutt поради непријатното чувство настанато од знаењето дека Жари му помогнал да ја формулира идејата, и да ја „избере“ направата?) Покрај тоа, изложувајќи го овој предмет, Дишан ги интегрира животот и уметноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Токму на „погрешната Русоова политика“ Ренан ѝ го припишуваше францускиот пораз против Германија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да испровоцира разговор покрај чашка, пред писателите тврдеше дека Достоевски би завршил во лудница да не пишувал како лудак, пред драматичарите тврдеше дека Шекспир би бил убиец ако не ги напишел своите трагедии; а во секој сретнат познајник, на маса, меѓу чаши, гледаше свој можен, ако не иден пациент - што итроманите приближно колку него му го припишуваа како професионална деформација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)