го (зам.) - принуди (гл.)

Навистина кога тој расправа за графоцентризмот, го опишува него како да е создаден во изгнанство, пратен во колонија на лепрозни и протеран.13 Ако ја разбереме деконструкцијата како една приказна, Дерида е добриот херој кој со неговото ново оружје - деконструкцијата, го принудува историскиот шовинистички фоноцентризам да префрли дел од сопствената моќ на традиционално дискриминираниот и понижуван графоцентризам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, забележете дека целта на деконструкцијата не е да се конституира некоја нова држава на “тиранија” или “неправда”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деконструирањето на хиерархиските дихотомии, каде што еден термин е традиционално претпочитан во однос на другиот,12 може да нѐ потсети на една од погоре споменатите народни приказни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човекот го создаде компјутерот, а компјутерот го оддалечи човекот од природата и го принуди да живее во илузија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Историските настани, посебно честите борби во Цариград, ќе го принудат Татко, сепак, да остане во Измир до есента 1921 година, следејќи ја и работата на најпознатите измирски кадии, од редот на неговите блиски роднини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што го виде низ прозорецот го принуди набрзина да го смени планот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сметајќи ги за револуционерен и „опасен“ елемент, властите решиле да го исползуваат поводот што го давале атентатите за да се пресметнат со нашето население во Солун и што поголем дел од него да истерат или да го принудат да го напушти градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
3. КОЈ САМ ЌЕ ПАДНЕ, ТОЈ ПЛАЧЕ БЕЗ СОЛЗИ - друг да го турне ќе почне да се лути, а ако некој трет го принуди да ползи ќе почне да sе враќа во мајчини скути...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Партизаните ја прифатија оваа идеја како движечка сила во нивните планови за нова структура на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Фијаското на пансрбизмот во егзил го принуди Михаиловиќ да изјави дека ја прифаќа идејата за југословенски федерализам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И оној, блискиот, може да го принудиш да страда“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А раширените рачички на куклата би го задавиле, иако не можат без него, само да го принудат да ги заборави витосните наречници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Моралната одговорност наследена од христијанската традиција засилена е со цел еден апарат на модерна информација и комуникација за да го принуди секого на преземање на сите услови на живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Терминот diffѐrance е изведен од латинскиот глагол differe - чие значење е и одлага /to defer/, одолжува /to delay/ (што имплицира временски хоризонт), и (се) разликува /to differ/ (што имплицира просторен хоризонт) - сепак со една јасна измена: Дерида намерно изменува една буква, правејќи грешка, иако нечујна: наместо да напише diffѐrence - именката изведена од глаголот во согласност со граматичките правила - тој пишува diffѐrance, што звучи исто, но сепак графички го принудува читателот да размислува во насока на неслушнатото, на тој начин навлегувајќи во читателовото потсвесно со еден непостоечки глас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Арно ама, кротката и молчалива млада жена не го ни прашала од каде толкава тага, зашто не сакала да го принудува да ѝ се исповеда, ниту пак ѝ требало да знае што мака го мачи за да го теши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оф, оф, оф, денес сум за никаде, тики да си седам и да си пекам од болки...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзините родители сепак решиле да прослават и таа ја следела нивната игра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)