го (зам.) - принесе (гл.)

Го прочитаа писмото. Во него учителот Кралев пишуваше: „Брате Даме, тука поминаа двајца луѓе, преоблечени во комитска облека.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Иако беше дење, Даме ја запали ламбата и првиот лист го принесе до ламбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му иде да стане од креветот, да излезе и да го заграби со грстите, да го принесе на устата, да го лизне, да го лапне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Им олесна на касапите зашто знаеја, ако кренат рака на вакво живинче, Ангелот пак ќе им ги фатеше рацете, како што му ја фати раката на Аврама кога сакаше да го принесе сина си на жртвеник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги распознав веслата што го означуваат местото кајшто сега лежат Аргонаутите, јазолот од три јажиња околу вратот на татковината му го принесов на Александар Македонски.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И јас го принесов ковчежето кон клучалницата раширена, зјапната, црна; и го пуштив сподобието грозно, и тоа, како да се бевме договориле, зачекори право кон светлината што биеше од клучалницата, и цело се вовре низ неа, и влезе. Внатре, во тајната.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бојан веќе знаеше што значи тоа разгрнување на пепелта, па стана, го зеде кошничето од аголот и го принесе до огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, можеше да се измие, па попладнето стопли вода во котлето, го принесе до огништето дрвеното корито, го разгоре убаво огнот, пронајде во долапчето на ѕидот и малку сапунче, заостанато таму од летото, и се изми за првпат откако беше дојден потемелно, поубаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лебот што завчера го донесе од село уште беше мек, но момченцето беше навикнато зимно време да јаде потпечен леб, па отсече едно долго, тенко парче, го стави на машата и го принесе на жарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека срната е преплашена, дека ќе помине време додека се привикне, а сепак во едно паниче стави малку ченкарно брашно и го принесе пред неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека замислуваш конобарка полесна од 180 паунда (85 кила) како го принесува твојот омилен порок, налетуваш на вториот заеб.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЈАКОВ: Песна, рецитација, било што. (Ѝ го принесува автоматот до глава.) ПАРАСКЕВА: Не знам ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа го испи шнапсот. Чашата му падна на земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја принесе чашата со шнапс до устата, но наместо неа, до усните, до забите си го принесе показалецот и го гризна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или и зборот е плод што бара вешта рака за да го избере и да го принесе на свечената трпеза на вознесот!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа го принесе шишето и ја наполни чашката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го принесе до лицето и му ги мазнеше меките влакна од својот образ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стоев збунет како мало дете и со погледот побарав спас од брат ми, но тој, баш тогаш, со сета страст и дрчност се нафрли врз слаткото од дуњи што на убавата тафта му го принесе домаќинката.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)