го (зам.) - применува (гл.)

Раздели па владеј беше главното мото и на чика Суруш, кој со децении го применуваше во сите земји.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога проговори, го стори тоа на оној воспитен начин што го применуваше понекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се раководев од мотото „Биди буквален!“, еден лош совет што самиот си го „измислив“, а потоа и го применував.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Згора на сѐ, покрај казнената камата – која течеше од јануари 129 2010 па сѐ до денот на конечната исплата – МВР беше задолжено да плати и трошоци за постапката во износ од 17.120 МКД (о. 280 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно во целиот овој случај е тоа што судијката, при одредување на правото на тужителот, се повикува и на веќе востановената судска пракса или т.н. „прецедентно право“ на повисоките Апелациони судови од Скопје и од Штип (пр. РОЖ. бр.1157/09 и РОЖ.бр.160/10) – што секако е за поздравување, затоа што судиите во РМ конечно треба да го надминат правниот позитивизам на кој се научени и да почнат да го применуваа и „духот“, а не само „словото“ на законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синот на Тајко гледаше како разубедувањето што го применуваше повредениот бег, беше очајнички чекор на нељубен маж, но сепак кај него болката секој ден сѐ повеќе растеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Говорот е главно оружје за борба. Разговорот најмногу може да ни помогне ако паметно го применуваме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаш право. Ние всушност и го применуваме, зашто ни го диктира организмот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)