го (зам.) - прикажува (гл.)

Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Младите режисери секогаш се појавуваат со идеја: „Пуштете ја камерата да биде некој, пуштете ја да се движи како личност, поставете човек пред огледалото за да го видите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Прикажете човек кој гледа во нешто, го прикажувате она што го гледа, и пак се враќате на човекот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
2.5 Македонија Можете: Да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Рајно“, ѝ реков, „Сѐ ова што го прикажуваш можело ама и не морало да се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сонот си дозволува слобода било кој елемент да го прикажува преку неговата спротивност во полето на желбата (Wunschgegensatz), така што, на прв поглед не се знае дали некој елемент е спротивнотворен, позитивно или негативно содржан во мислите на сонот.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Миќо носеше долги панталони, беше некако неубаво издолжен, како глиста, и целата негова физика не влеваше многу верба во она што го прикажуваше, но јас - кусопанталонест - го гледав сепак со извесен респект.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)