го (зам.) - придружи (гл.)

Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
— Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, — одговори Гарванов за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така вој живот неоти е живот! Co овие и уште многу други, Толе го кандиса Андона да го придружи во идната работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа беше точно како трабант, како војник на телесната гарда, кој постојано го следи својот господар- животот, кој постојано живее и се одржува духовно и физички во сенката на господарот, како ѕвезда пратителка, како сателит кој го придружува секогаш својот одбран објект.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По каприц на историјата, овој период на политички пад, го придружува културен живот: поенергичен и попродуктивен, отколку во кој било друг период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Преку ритмичниот танц на зборовите што го придружуваат болниот, терапевтот и клиентот трагаат по нарација која ќе донесе оздравување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Започна Х.Х. да ракоплеска, но остана осамен, само доне­каде го придружи А.А., без своја волја поради својот авто­ритет на претпоставен на К.К.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
КОСТАДИН: Дали ќе ја видам? Дали таа ќе ме види?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: (Пее, другите го придружуваат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мора да биде понеостра од идентификацијата на жените, кои можат да се препознаат во Крафорд врз основа на заедничката општествена положба, на заедничките искуства, борби и стремежи – односно, врз основа на некој степен на идентитет. ‌Геј-мажите, сигурно, можат да се идентификуваат со Милдред Пирс, но, бидејќи се мажи, не можат тоа да го прават направо и неиронично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова нужно го придружува значителен степен на деидентификација и оградување и неизбежно се филтрира низ иронија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивното идентификување, колку и да е стрмоглаво и опиено, налага извесен степен на имагинативен напор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме најде доволно глупав за да го одведам токму јас на средба со смртта, не престанувал да се обвинува курирот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го замолил еден од куририте да го придружува до терасата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господару, ќе допуштиш ли овој дотрајан старец Да врви и понатаму по улиците без придружник Впрочем нели него постојано го придружуваат Цела една толпа непослушни зборови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сето тоа го придружува телото на Земјата, исто како кај човекот – рече старецот, фаќајќи од тревата во рацете. – Сѐ што имаме ние, и припаѓа на Земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)