го (зам.) - привтаса (гл.)

Но од друга страна, имаше и оправдание за мојата нерешителност: воспитачот, професорот по филозофија, до која уште не бев стигнал, одеше важно, со крената руменолика глава, и јас - на кого тој досега одвај да погледнал - требаше одеднаш да му пристапам, да трчкам да го привтасам во ходникот, да го пречекувам како случајно на скали или, о боже мој!, да му одам нарочно за тоа в канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Пискулиев, кога го крсти Ордета, беше детиште, а еве доживува да се рече дека скржето што го држел в раце над кршталникот, над кое тревливел невешто по попот „крешчаетсја раб божји Јордан”, - сега го привтасало, а можеби ќе го остави кумот и зад себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овде, онде, го привтаса и едно го виде коњо, му свика на момчето: - Врли го, момче, чешелот наземи, оти ќе нѐ вати старио!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи побрза маската, пак го привтасал старио момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)