го (зам.) - приведе (гл.)

Толпата е страшно возбудена, бара одмазда, и за сето време додека чекаме да го приведат и јас исто толку возбудено зашто знам дека тој направил нешто ужасно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нареди трговецот да му го приведат под стража, сепак, поради царскиот милостив закон кој на Евреите им дозволуваше да се вработат дури и во дворската администација, реши да го дочека со насмевка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рече нешто но не го слушнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури откако мојот спроводник повторно реферираше, но овој пат погласно, дека го привел затвореникот, иследникот бавно се сврти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа како и на мене да ми се обрати? Или само ми се причини?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Како да се качувам пред тебе кога си тргнат да војуваш?“, прашувала таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Качи се пред мене или остани“, ѝ рекол војникот и го привел коњот под брегот на кој девојката стоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога го приведоа во полициската станица во Стокхолм во еден момент Кулик престана да глуми пес и почна да дава објаснувања за својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во двата случаи организаторите повикаа полиција која го врза уметникот и го приведе во станица.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нет е идеална воденица за само-стилизирани идентитети што не создаваат револуционерни ситуации ниту го приведуваат светот кон крај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)