го (зам.) - приближи (гл.)

IV Со длабока, несвесна воздишка, која дури ни близината на телекранот не можеше да ја спречи на почетокот на неговиот работен ден, Винстон го приближи говоропишувачот, го дувна правот од микрофонот и ги стави очилата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тргнувајќи оттаму, можеме да се запрашаме дали Duchamp-овиот проект самиот да произведува пигменти, од почетокот до крајот на процесот, тргнувајќи од природните материјали, металот, прашината или чоколадото, се состоеше токму во тоа да ги произведе „првобитните” бои, т.е. творечкиот процес да го приближи до неговите извори, моментот кога се насобира глина во ступа, значи по узор на ренесансните мајстори (каков што е Leon- ardo кој самиот ги ситнеше боите во својата bottegha), како некаков заколнат ерген - што токму и беше - своето чоколадо.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Едо беше збунет. Не знаеше што да прави, но Инес му го приближи лицето толку многу што тој се исплаши дека жилите на вратот ѝ се претегнуваат и дека дахот го губи; ја почувствува нејзината задишана топлина во образите па во мигот кога бакнежот стана неизбежен, таа, одеднаш, се тргна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фала на Виктор Лозанов за нацртаната корица и на Билјана Т. Димко за тоа што ракописот го приближи до македонскиот стандарден јазик.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од збунетост, Александар не реагираше со својот јазик, кога Александра го приближи нејзиниот на неговите усни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој воопшто никогаш и никогаш и никогаш не ќе биде во состојба да го приближи ножот до него и тоа само заради некоја своја глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потсвесно мислеше - тоа ќе го приближи таткото кон синот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Управникот чекаше уште момент, два, потоа му го приближи лицето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Екстатичната практика на еротскиот восхит, во комбинација со очајот по сексуално задоволство, создава посебен однос кон предметите по кои се копнее што е карактеристичен за машката геј-култура: однос на страсно, но оддалечено созерцание, кое истовремено е и критичко и идеалистичко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мешајќи ги занесните преносители на сексуалното идолопоклонство со едно одвоено, речиси клиничко вреднување на убавината, геј-мажите остваруваат некој вид беспристрасност во односот кон еротските предмети што им го приближува доживувањето на сексуалната желба до доживување на чисто естетско созерцание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа го правеа истите оние дланки што го приближија моето лице до нејзиното, и притоа слушав како му објаснува на Жолтко но со гласно шепотење дека пријателов ( тоа пријателов се однесуваше лично на мене) значи божем мене ме советоувала како да се однесувам со нејзиниот сопруг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана застана и се сврте кон мене, го зеде моето лице в раце и го приближи до нејзиното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како што Томе го приближи кучето, така Митре му го стави тељот со дупалки на кучето околу вратот, му го стегна, кучето зацвика, ама додека да му се чуе гласот, тој го обеси на гранката од дабот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А потоа, кога случајно повторно го приближив крпчето до носот, го сетив истиот мирис што доаѓаше откај полето секоја вечер додека се криев во плевната на Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)