го (зам.) - прехрани (гл.)

Ти, силен кој креваше, и носеше тешки вреќи на грбот свој, за да го прехраниш семејството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За Мајка беше најзачајно што можеше да го прехрани, да го спаси новото чедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)