го (зам.) - претскаже (гл.)

Јас, потомокот на Сет што на силниот Робер Гискар му го претскажа задниот час.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Репликата на Жари: „Тие треба да имаат девици, девици, многу девици”, уште повеќе се чини дека го претскажува Дишановото упатство во Green Box, „Оваа Невеста... мора да се прикаже како апотеза на девственоста.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие откриле дека сепак можат да го претскажат статистичкото поведение на системот сѐ додека неговите делови се идентични а нивното заемодејство е слабо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако му е судена загубата да претежнува над радоста, зарем присвојувањето на овој отисок што занесот на боженскиот танцувач го оставил во мекоста на каменот, не го претскажува конечниот пораз?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)