го (зам.) - претпочита (гл.)

Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие денови ќе следи обидот за демонтажа на еден човек со отворена и хумана култура, кој немал нега­ти­вен однос кон културата на религиите и верувањето туку јасно го претпочитал значењето на религискиот феномен во историјата на цивилизациите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој е она што мислат дека го претпочитаат повеќе од традиционалната геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но таа нагорна општествена подвижност не е нужно буквална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што бргу објаснува Бартлет, нагорната општествена подвижност и самата е метафора.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да добие облик на копнеж за богатство и за општествена повластеност, но нејзин белег е стремежот да се оствари позадоволителен начин на живеење, живот во префинетост, во углед и во задоволство; не се стреми кон општествена надмоќ заради самата општествена надмоќ. ‌Ако машкиот геј-естетизам поттикнува идентификација со повисоките сталежи, тоа е затоа што машката геј-култура го претпочита задоволството повеќе од употребноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го претпочитам моето враќање во Македонија. На Универзитетот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој вели, си рекол: го претпочитам Пеколот!?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дерида го претпочита терминот “регулирана трансформација” наместо преведување, бидејќи тој смета дека ние никогаш не ќе имаме транспорт на чисти означени од еден јазик на друг: Разликата никогаш не е чиста, ниту пак такво е преведувањето, и наместо поимот за преведување ние треба да го супституираме поимот за трансформација: една регулирана трнсформација на еден јазик со друг, на еден текст со друг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓу многуте зла луѓето секогаш го претпочитаат она кое најмалку повредува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дед Павел беше и премногу умен за да не си го постави барем еднаш она обично прашање: па зошто таа, ако е жива, самата не им се јави на неговите блиски во Русија?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи тој човек го претпочита идеалниот живот, тоа се „Советите плус електрицитетот” и тој човек посакува да стави брана на текот на Дрим со хидраулични централи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)