го (зам.) - претепа (гл.)

Кузе, кого до крв и безсознание го претепаа џандарите и добро го напоија со рицинус, затоа што на орање на воловите им зборуваше горе- долу, a не пано-като, кога виде како влегуваат Италијанците во селото, истрча да ги пречека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во него најчесто се зборува за сиромашните оброци што овој чудак си ги подготвувал, за деновите на пост, за грижата за интимната хигиена, за ретките средби со пријателите; еден од нив дури успеал и да го претепа Понторма, кој бил првиот значаен отпадник од хармоничниот свет на ренесансата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Турците со штикови на пушките, а Грците и Евреите (бог да ги убие!) со дрвја и камења го претепуваат човека и умрен-неумрен го фрлаат во кола при другите...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве вчера, некој таков неранимајко, влегол во дуќанот на самарџијата Аџи-Трифун и го претепал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го слушаа луѓето, а потоа ги грабнаа стаповите и пак го претепаа. „Ти си ѓаволот! Ти со натемагото!“ му рекоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога го разбраа тоа луѓето, го подбраа со стапови и го претепаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го изела мрачка. Наводно се фрлил од катот и останал на место мртов, а всушност го фрлиле агентите откако претходно го претепале до смрт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Тефик пак ќе му дојдел и ем ќе го претепал ем пак ќе добиел работник уште за некој ден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но подоцна почнал да се плаши од соседот кој му се заканил дека ќе го претепа затоа што го видел каде што му краде овошје во бавчата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И одат луѓето, со ред. Ако фатат џандарите некого заспан, ќе го претепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малите деца сега мошне умесно учат да си ги имитираат родителите, и ако не им се попречува таа пријатна вежба, со текот на времето може да се очекува од тоа дете да израсне забавен за општеството млад човек; таквите деца обично имаат нестрашлив дух и на петнаесет години веќе се во состојба да си го претепаат таткото или да го протераат од дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие дури сакаа да го претепаат Миша, но болничарот деликатно и во исто време решително ги прекина нивните неправилни дејствија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Останатите болни се разбудија и беа многу незадоволни со промените во нивниот болнички режим.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)