го (зам.) - преспие (гл.)

Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Иако од измореноста денот го преспале, староста ги повлече накај легалото.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На Маре ѝ беше познат тој негов подготвителен ритуал, па затоа претпочиташе да го преспие; поправо, прва да заспие, па ни да гледа ни да слуша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си го преспала денот. - изненадената Рада имаше само толку време колку да го пикне писмото во пазувите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)