го (зам.) - пресоблече (гл.)

Не го закопаа. Старецот му се врати на животот уште пред да го искапат и да го пресоблечат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
го стискав на градиве и верував дека ќе оживее од мене, од мојата топлина, од мојот здив; кога ќе клекнев на колена да поземам здив и кога ќе му го видев восочното и безживотно лице, кревав плач до бога и пак ја кубев косата; и дома кога го донесов и го ставив на постелата, не верував дека е мртво; и кога го пресоблеков и го ставив в ковчег, не верував дека е мртво.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)