го (зам.) - прераскажува (гл.)

Чувствуваат дека се загреваат и секој во себе на свој начин го прераскажува и тажновито и болежливо го доживува тоа чудно писмо, зашто низ секој збор гледаат по нешто од својот дом, а најмногу болка ги спржува кога се обидуваат пред очи да го доближат образот на старичката, зашто им се чини дека при секое мигливо затворање на очите -ја гледаат својата мајка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си го прераскажувам така сонот, трчајќи кон село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со години луѓето на Кукулино го прераскажувале настанот на тој ден; внуците дочекувале внуци и се сеќавале на прикаските од детството: пред жените во црно одела со тврди чекори игуменијата Минадора во арамиски објала и со неголемо знаме - златен и збрчкан лик на модро платно со црвени рабови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нема да ви го прераскажувам тој расказ, само ќе ви кажам дека тој волшебен збор е „молам“, и само толку да ви кажам дека детето што пред да научи да го употребува тој збор било несреќно, никој не сакал ниту една желба да му исполни, зашто било остро на јазикот, но штом го научило волшебниот збор „молам“ сите желби почнале да му се исполнуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)