го (зам.) - препушти (гл.)

Шефот сега сосем задоволен повторно му го препушти пописот на службеникот. – Запиши Слободанка и внимавај повторно да не ги смешаш прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога му умре жената, Шабтај полека се повлече од чаршијата и дуќанчето му го препушти на син му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во автобус старците ти го препуштаат свото место.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Да споменеме како забавен детаљ и тоа дека Хичкок во Чамецот за спасување веројатно на најдуховит начин се појавува во сопствениот филм; долго размислувал како да го реши тој проблем, бидејќи во филмот нема масовни сцени, целото случување е ограничено на чамец среде море.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да се зборува кај овие два филма за happy end затоа значи потполна заслепеност: како е возможно да не се види безобѕирната крутост, со којашто Девлин и Алиција на крајот на Озлогласената го препуштаат скршениот Себастијан на неговите нацистички компањони (коишто секако ќе го ликвидираат) и летнуваат кон заедничката „среќа”? okno.mk | Margina #22 [1995]
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако тие први стигнале до изворите, ѝ го препуштиле редот на Трајана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одбегнувај го било кој вид на стадо. Не повторувај никогаш, без оглед на бисовите. Не голтај туѓи парчиња, тие лошо се варат, и тоа се забележува. Забавувај се, инаку ни здодеваш.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дишан знаеше дека, кога веќе не е можно да се напредува, динамичките контрадикции на креацијата му го препуштаат местото на задоволството, повторувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ми стана јасно дека тој немал сила да ми каже дека ја сонува Луција на ист начин како и јас, дека копнеел по нека, дека онојпат, на разбојот, ми го препуштил првенството, небаре е христијански духовник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали со тоа сакаат тоа време да му го препуштат на заборавот и во него самите себе да се заборават? Некому тоа ќе му биде од корист.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Решението на Сарафов да не му го препушти доброволно раководството на Врховниот комитет на генерал Цончев довело до распаѓање на комитетските офицери на две групи; едната на чело со Сарафов, другата - со Цончев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дедо му Зигмунд, правдајќи се со неодамнешната операција, со многуте пациенти и со пишувањето на своите дела, ѝ го препушти Хајнерле на ќерка си Матилда, таа да го чува во нејзиниот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Летањето во облаци им го препушти на оние кои полетуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изборот на местото им го препушти ним.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лекарите ѝ препорачуваа да оди во некое климатско летувалиште, но таа не сакаше да го остави беспомошниот маж сам, а и не сакаше Пансионот да го препушти на персоналот, на пропаѓање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му изгледаше природно да ѝ го препушти тоа на неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марша, интимно во себе, не можеше да сфати како Хелвиг се согласил, се помирил, воспитувањето на својот син да ѝ го препушти на таа туѓинка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа Мариово им го препушти на новите бегови Јунуса и Рифата тие да се расправаат со Мариовците како знаат и како сакаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во собата имаше само еден кревет и гласавме кој ќе легне на него и се разбира, шефот ни го препушти на мене и на Добрила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние со Добрила Прилепчанката бевме во една куќа во центарот и поставивме стража на капијата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)