го (зам.) - препушта (гл.)

Што треба да се постигне или одбрани со тоа? Тоа ви го препуштам вам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Завршниот удар си го препушта за себе. Ефектно и безмилосно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Значи, ми го препушташ без војна, - се насмеа Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали намерата ви е секој пат одново да смислувате, да ја напуштите претходната трага и да повлечете нова?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата старци - татко ѝ, самарџијата Димо, уште беше моќен, а и свекорот Пајко, кој малку по малку го препушташе дуќанот и занаетот на сина си Марка, сѐ уште повеќе ѝ помагаше нејзе, отколку таа нему.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)