го (зам.) - преправи (гл.)

Мораше и Живко да се преформулира откако виде дека домаќинот не ни трепна пред неговата тупаница, па прашалникот го преправи во извичник: - А бе, вие Прилепчани, не само што имате вода туку сте имале и езеро!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, кога тебе ти се развика најбезобразно еден хермајор заради лошиот портрет, за некаква грешка во мундирот, ти премолче и го преправи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Под знакот на отуѓувањето, секој божји ден од човечката стварност може да се фалсификува, а позитивистичкиот опис само го чува од заборав тоа отуѓување кое самиот не може да го даде, единствено успева понатаму да го продлабочи така што уште повеќе ќе го преправи и прикрие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)