го (зам.) - преполови (гл.)

Тој само врти со очите и чека да го преполоват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бојан се надеваше дека снегот ќе престане, а потоа ќе долета јужен ветар, па за ноќ, две ќе го преполови, и ќе го отвори патот од селото кон планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Всушност, јас и немав време да размислувам за тоа бидејќи со Ема речиси во истиот миг, кога се зароди таквото љубопитство кај мене, јадевме јаболко што таа го зеде од првата фиока на своето биро, го забриша вртејќи го неколку пати во дланките, а потоа силно го стегна со палците во вдлабнатината кај шишката и го преполови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти се чини на мравка не згазуа, светица ти се праве секаде, а кога а жегна оти малот ќе го преполоват Илковите деца, „и кошулата од грбот да знам ќе a дада, 'и не и оставам да ми се башарат туѓи деца на мојто огниште.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога неговиот питон би го сошиле врз твоето тело тоа би било вистинско чудовиште на доктор Франкенштајн, хахахаха! Дики се смешка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Среќко: Страшен негативец беше тој Гризли Адамс но на крајот Грета со нејзините остри заби му го преполови!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А попот, тој прво открши еден голем леб и, свртен кон дедо ми, зборуваше, кршеше залаци, макаше од гравот и иако неговите залаци беа како пет на Килета, го преполови гравот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)