го (зам.) - преплави (гл.)

„Во експресионизмот”, тврди Паул Хатвани, современ апологет на тој правец, „Јас го преплавува светот”, па овој веќе не постои во картезијанската спротивставеност во однос на некое самовтемелувачко cogito.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Конечно, надреалистичните книги на Просперо често го преплавуваат целиот екран, страниците од книгите вријат од компјутерски анимирани илустрации и реални објекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Без секакво предупредување, освен едно мало движење на раката на О'Брајан, бран од болка го преплави неговото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чудната почит спрема О'Брајан, која изгледа ништо не можеше да ја уништи, го преплави повторно срцето на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Повторно“, рече О'Брајан. Болката го преплави телото на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Елегичната мелодија го преплави спонтано како одамна научена, блиска азбука.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Работејќи на оваа проблематика ме „загрижи” помислата дека Marcel Duchamp сиве овие ненадејно надојдени имиња ќе го преплават светот не оставајќи ми простор за личен избор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што излезе така се протегна загледувајќи се во сончевината потечена надолу да го преплави и полето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Истиот миг силен бран му го преплави целото тело, ежавејќи му ја кожата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во оваа куќа некаде мора да има и некое моливче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сето мастило полека истече надолу и го преплави листот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Времето на козите е едноставна модерна сказна каде што ступидната бирократија е најпосле поразена од навалата на белите кози кои ќе го преплават Скопје.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новите технологии кои го преплавуваат и менуваат значењето на традиционалните граници можат да создадат контроверзни меѓу-зони“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
41 оспорено се јавуваат со забрзано темпо.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Светлината од спротивниот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да. Сопчето одеднаш го облеа светлина, го преплави блага и придушена светлина, слична на таинствен здив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)