го (зам.) - премости (гл.)

“ (Virilio 1991: 47-8) Со истражување на вештачката интелигенција и роботиката машините се подобруваат и збогатуваат со склопови од вештачка перцепција, говор, движење, способности за донесување одлуки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беа два живота, оддалечени еден од друг со многу илјадулетија самување; тоа не можеше да го премости ни добрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако само еден дел од човечкиот мозок има 80.000 синапси (компјутерскиот еквивалент е 3 или 4), некои теоретичари предвидуваат дека наскоро развојот на техниката ќе го премости јазот меѓу луѓето и машините.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зашто задоцнетиот пристап до сексуалните предмети, без разлика колку се многубројни и гламурозни, тешко можат да го премостат долготрајниот јаз помеѓу мечтата и стварноста во потребата за еротско задоволство. (А тоа е причината поради која недобројните можности за сексуално задоволство и љубов што ни ги нуди геј-ослободувањето не довеле до изумирање на порнографската индустрија, туку до нејзина хипертрофична експанзија.) Штом самата можност да го „добиеш она што го сакаш“ ќе се препушти на доменот на мечтата, еротската исполнетост неминовно добива хиперболични размери, излегува од кругот на остварливото и станува нераскинливо сврзана со невозможниот занес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постмодернизмот го премостува јазот помеѓу критиката и публиката...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со сонот го премостува времето изгубено меѓу два перона.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)