го (зам.) - премачка (гл.)

Даниел ја зари мистријата во малтерот и го премачка работ на другата тула.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Душемето го премачкуваат секои две недели, ако не си забележал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сестрата налутено го погледна, целиот бут го премачка со јод и отиде да го поткаже на лекарот - хирург.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас ќе ти дадам еден Суворов, ќе го премачкам со златна боја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)