го (зам.) - прелистува (гл.)

XXXI Климент Камилски го затекна Татко на чардакот среде речниците како го прелистува романот на Гистав Флобер Бувар и Пекуше, што тој му го донесе од последното патување во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Седнат на подот Влатко го прелистуваше весникот, внимателно ги читаше насловите: „Леле, слушај тато, што пишува со големи букви: ЖИТЕЛИТЕ НА ДРАЧЕВО БАРААТ ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА НА ДРИСЛА!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега вистински би ја гледал со сето присуство на душата, а не како некогаш, кога постојано го прелистуваше каталогот, а јас ретко ја загледував.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XX Мајка, загледана од чардакот во солунските галеби кои повторно се враќаа и застануваа на малото островче на реката, продолжуваше да го прелистува, по којзнае кој пат, својот каталог на италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода во Италија, во 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Замислена, го држеше во рацете каталогот на Ла Ринашенте. Несетум го прелистуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега, по многу, многу години го прелистуваше големиот албум на својата љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакав уште еднаш, само за неколку мига, да ја видам како го прелистува каталогот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)