го (зам.) - прелаже (гл.)

„Види, види, песјачката една! Малку ѝ беше шо ми го дрпна Илковиот дел, за велјо чудо ќе ми го прелаже и браче Трајка".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не можеме да го прелажеме срцето, таму е љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е одговор на моите немири, летни дождови врнет во мојава душа, ти ќе дојдеш и ќе ми го донесеш мојот рај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Она што ги прави кантата за ѓубре и работната маса различни од цртаните филмови и фотографиите на ТВ е тоа дека ние можеме да стапиме во интеракција со нив како што стапуваме со металната канта за ѓубре и дрвените бироа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната канта за ѓубре не мора да го прелаже окото за да може да се нарече виртуелна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Ќе смислиме нешто. Имаш ли на ум да му ветиш штогоде на пашата, да го прелажеш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овие двајца стоеја пред него и мислеа дека го прелажуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше некакво залажување, сето тоа вабење од карпите, не сакаше никого да го прелажува и никого да го моли, го отфрли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го куражам, го лажам. И го прелагав: вечерта отидовме кај Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
JOH Мирче зборува, прашува и кажува. Сака сѐ да раскаже и се претекнува со ноќта. Сака да го прелаже утрото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаев дека пак ќе го прелажат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)