го (зам.) - прекорува (гл.)

Понекогаш го охрабрувал стадото да создава сопствена топлина, како тогаш кога рекол дека “секој човек може да биде уметник”, а понекогаш го прекорувал поради тоа што не ја чувствувал неговата топлина врз себе - што е проекција на неговите чувства за родителската рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста за него била средство за преправање на телото и сликата за себе која зависи од телото - и на тој начин да ја преправи уметноста, повторно да ја вкорени во телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во неговата уметност, значи, се префрлувал напред- назад помеѓу улогата на овчар кој се грижи за стадото - извор на топлина - и на стадото на кое му е потребен овчар за да се стопли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие знаеле што да прват. За тие работи не се зборува на трпеза, пред векот луѓе, го прекорува Бошета Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Толку мала земја. Да беше игла во стог сено, досега ќе го најдеше“, му вели. Го прекорува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го прекоруваше ли него за недовербата и недоумението?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Петра не е многу изненадена од неговата појава, таа знае дека никогаш нема да ѝ излезе од мислата, го прекорува Проклет да си бре дедо, врколак стар, се залости во вагонот само за сами да си заминеме и колку што сум тешка уште потежок товар ми стави на плеќи!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Од каде пак овој се разбира од риба?”, како да го прекорува неговиот поглед, но сепак му мери два таса од перкијата што му мрда под мишка уште да го заскокотка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жена му, гледајќи го како се вртка без работа, го прекоруваше: - Ангелеее, - викаше таа по него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)