го (зам.) - прекори (гл.)

Но директорот продолжуваше да го прекорува својот сервилен заменик: - Сте можеле, другар Палигоров, барем како партиски секретар во Архивот, да ги отворите очите, кога сте го прифаќале заклучокот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Тегни де, што си се затресол? — го прекори Шаќир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Како се осмели да викаш „долу?“ - го прекори директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Кај си досега? - го прекори таа. - Бев кај Коце... со него игравме. Се изморив. Постели ми да си легнам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Надзорникот ме дрпна за рака. Јас се збркав... место „да живее“, само од устата ми излета „долу“... Верувајте, не сакав! Ама, ете...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кикицас го прекори: - Гледај долу и пред себе!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога сега го прекори, мачорот, навреден и намуртен, отиде на прошетка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога надлежните органи го прекориле со зборовите: „Ама, бре Сталине, пак ли ти!“ тој ги смирил со податокот дека со Белгијанецот, стопанот на кравата, бргу се нагодиле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Александар почувствува дека не го прекорува поради неговата неснајденост, тука дека таа дури и на некој чуден начин прави да ѝ биде симпатичен на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ки ти најме исцедно место, ним с склдисувај! и внимателно го спушти длабоко издишувајќи потресен од тврдиот поглед на старецот што чиниш токму него го прекорува за нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
– Кажувај, кажувај! Не е ситна штом дошла до мене – го прекори овој везирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ајде, ајде, не туку ја критикувај! Нека ужива штом ѝ се може, - го прекори дедо ми, свикнат на таквите шеги од татко ми, што нему, ми се чини, не му се допаѓаат премногу, особено кога се на сметка на ќерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се здрви, во исчекување, не ли ќе заофка, не ли ќе го прекори за невнимателност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од капетанијата го прекоруваат дека нема појас за спасување.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дедо ти Ное го исфрлиле од ковчегот и си направил лотка од стар весник. Дај што ќе дадеш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
– Пол? – продолжи службеникот. – Се разбира, женски! – го прекори пак шефот. – Па може да има прч! – рече првпат нешто во одбрана на службеникот. – Кај прчовите одиме со козите кај козарот Чанга, преку дрвениот мост, – рече едниот од помалите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Цело село гори, баба се чешла - пак го прекори мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога го виде, се расплака и низ солзи го прекори: - Каде скиташ, бре синко? Душа не остана во мене.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче куцкајќи се врати дома... Мајка му уште од вратата го прекори: - Кај си досега?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)