го (зам.) - преживува (гл.)

Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кочо го сети со некој најтаен дел на себеси тоа, и после пак го преживуваше, не знаејќи дали да биде благодарен или повеќе да страда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Погледнувајќи го понекогаш, Марко го преживуваше истото она чувство на безобидна потсмешливост со која ги примаше неговите вљубени фантазирања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И не јас, туку она девојче кое некогаш бев, и чија рана и натаму крвареше во мене дури и во оние периоди од животот кога не го чувствував тоа, секое утро уште пред да се расонам ме тераше да тргнам кон Рајнер, па со чувство на вина да молам да ме пушти во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Можеби го преживува тоа што го мачеле во затворот. - Зарем уште?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)