го (зам.) - предизвикува (гл.)

Будење настанува за вредности нови, доброто злото на двобој го предизвикува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Но и тоа водеше кон воена слабост, а бидејќи лишувањето што го предизвикуваше беше очигледно непотребно, неминовно предизвикуваше противставување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секојдневно револуционерните маршеви од звучниците на Голи Оток го занемуваа, но некогашниот борбен полет, што го предизвикуваа овие слични по ритамот на овие маршеви го восхитуваа и водеа напред со своите компањони на шпанските или балканските антифашистички боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Свесна бев колку луѓето сакаат да ме провоцираат, не сфаќајќи дека јас самата тоа кај нив го предизвикувам, веројатно не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа не е доведување во прашање на одреден структурализам кој претпоставува затворени структурни системи, кои го предизвикувуаат сопственото делување, а да не се отвораат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Рускиот атеист, колку и да го одрекува постоењето на Бога, тој длабоко во себе, во својата потсвест, продолжува да верува во Бога. Дури и го предизвикува!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но она што навистина претставува преломен чекор во ни од далеку доволно истраженото поле на сексуалното уживање, се истражувањата на подрачјето на квалификацијата на материјата што го предизвикува половото возбудување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој не го убива Вокеровиот татко. Тој само го предизвикува Вокер.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Марсел Пруст пишува: Откаде ни е храброста да посакуваме да живееме, како можеме да сториме нешто за да се заштитиме од смртта, во светот во којшто љубовта се предизвикува со лажење, а се состои исклучиво од потребата страдањата да ни бидат ублажени од истото она битие коешто и ни го предизвикува самото страдање? okno.mk | Margina #22 [1995] 39
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Требаше проекторот да се подигне на висок подиум, да се сврти надолу, а екранот да се постави точно под прав агол спрема оската на објективот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таму беше вирот со итрите пастрмки што толку го предизвикуваа Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакам да бидам само пожарникар. Гаснач на пожарот, што самата го предизвикувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нашето село таму долу мислам не бил отсекогаш на ова место на кое што сега се наоѓа? го предизвикувам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Капачката помина по брегот по оној раб од земја и море Газеше по пената на своето тело (Далгите – задишеност на градите песокта – немоќ на слабините) Дали помислуваш на малечката лисица штотуку дојдена до работ на шумата водена можеби од намерата да го предизвикува ловецот Оној што ограда крева околу имотот за да го заштити од немаштијата или од стравот Кога се преиспитуваш Кога се зафаќаш со себеси како да редиш огромни камења на висок ѕид.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На стравот што се имаше секогаш на границата, се надоврза стравот на исчекувањето што го предизвикуваше однесувањето на војничето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Борхес направи сличен избор: соочен со хаосот во светот, тој го избра редот на библиотеката, сигурноста на одгатлив лавиринт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите книги израснаа од други книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Соочен со хаос во светот, Астерион Минотаурот го бира суредениот свет што го пронаоѓа во една човечка градба - лавиринтот на Дедал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)