го (зам.) - предвидува (гл.)

Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но не излезе така лесно како што го предвидуваа тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Вар комитлар, бре ќерата? — беше првиот збор што му го проговараа на секој човек, му удираа по неколку кундака и го собираа со нив да им ги каже комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш настана тоа, што стариот никако не го предвидуваше, од кое беше силно изненаден, и кое го натера да преземе итни решителни мерки против Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Мишко и Бојко беа уште мали и уште не знаеја да го предвидуваат времето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овој беше прв напад на нивната слобода, затоа тие не го предвидуваа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, со носењето на ЗРО (2005) интересно е тоа што, повторно, се враќаат правата на неизбраните кандидати кои конкурирале за одредено работно место, но сега со значајни рестрикции во однос на првичниот ЗРО (1993), кој изречно го предвидуваше и правото на тужба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Карло четвртиот спокојно си денгуби во градината и го предвидува векот кога баш неговото име ќе му го стават на еден хотел во Прага.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ви реков, деца, дека сето тоа го очекував и го предвидував.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)