го (зам.) - прегрнува (гл.)

Нина го прегрнува татка си. Чувствува како рамениците му треперат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Комшија бре, ах, комшија... - никако не запира да го прегрнува директорот Владо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го прегрнува мажот нежно, покровителски и самата понесена, разнежена од ненадејната честитка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Станавме; тој ме фати за рака; но одеднаш, се случи нешто чудно: мене рацете сами ми тргнаа кон неговото лице, и веќе во следниот миг јас го гушкав и го прегрнував.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЛУКОВ: (Го привлекува и патетично го прегрнува. Потоа се поздравува со Методи и со Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го удира силно, но од радост, Методи по рамениците. Потоа го прегрнува.) Чудесно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И го прегрнувам срчето, го кревам, го бацувам. И, кр, кр, кр, ми прави устинката негова на устата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас да знаев, не ќе те заробев тебе, велам и го прегрнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам до него и му се фрлам, го прегрнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Арафат мигум одговара: Не, јас само сакам да ти го подарам оружјето на еден борец за слобода!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Насер го прегрнува... Ѕвездата на Арафат блеснува на меѓународната политичка арена на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најблиските, Дедо и Баба, браќата и сестрите, сите го прегрнуваа со солзи на очите. Тука беа и подалечни роднини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Го прегрнува). Скоро, сине, скоро...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ела, Коле... (Го прегрнува Колета). Татко ти не ќе си дојде... Никогаш не ќе си дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Така да си ми жив и радосен! (ЗАВЕСА)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
(Додека песната продолжува, го прегрнува Поцко.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Го прегрнува со слободната рака.) Ајде, Спирооо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЕВТО: (Пауза) Станува. Му приоѓа на Михајло. Го прегрнува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Вади уште една штица. Копа земја од подот со раце.) Не знаеш ти за мојот очај. (Копа) Како ќе живееме вака? (Рајна притрчува. Го прегрнува. Се впива до него.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Што не знаевте? (Сара му приоѓа на Сивиќ. Го прегрнува околу половината. Гледаат во Стево. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Доаѓа до Евто. Го прегрнува. Ги превртува очите. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Му приоѓа. Го прегрнува како Богородица која го држи Христос)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Саше, Сашенце мој, не плачи, Бак се врати – викав јас истовремено, ама од неговите пискотници, толку силни и неутешни како некој близок да му умрел, и од викањето на Тета, тој мене не можеше да ме слушне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)