го (зам.) - прегризе (гл.)

Како не си го прекасав јазикот, кога уста отворив. Како не си го прегризав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се фрлил на вратот и - крц, крц, крц - дури да плуниш, го прегризал јажето. - Бегај сега! - му рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Мошне си мал за таму каде што ние одиме. - ?! - Тенок ти е вратот - ќе го прегризе јамката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но ти, Никола, еднаш ми рече дека лавот не сакал од верност да му го прегризе гркланот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)