го (зам.) - прегледува (гл.)

Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мажот ѝ, кој е магионичар на забави, ја чека во Барселона и до полноќ мора да завршат три работи, па затоа сака да го извести дека нема да може да му се придружи навреме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марин не се чудеше гледајќи во рибарските чунови, чии дозволи за рибарење сега, на тргнување кон езерото, ги прегледуваа луѓето на еминот, како што при враќање со исто таква усрдност ќе го прегледуваат и мерат донесениот улов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)