го (зам.) - прегледа (гл.)

Синот продолжи: - Професорот, којшто денес темелно го прегледа Татко, ми рече дека тој, до крајот на својот живот, ќе биде со инсулински третман.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога типовите од сигуроносната екипа на „Маас” дошле да го прегледаат хотелот, ти им се тргна од вид.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И отец Серафим по богослужбата не го викаа како порано по куќите да им го прегледа виното, да види какво е, да стори нешто ако не чини - туку го пиеја не наоѓајќи му мани и го молитуваа бога само да го има што повеќе, да роди што повеќе да имаат што да пијат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А тој нè гледа и не се лути дека му додеваме, веќе стопати ни рече дека видот е изгубен неповратно, ама нели надежта последна умира, па да го прегледа татко ми.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чаушите го прегледаа грозјето, особено под него, и рекоа дека ќе мораат да го прашаат санџак-бегот дали ќе ги прими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АНЃЕЛЕ: Ама еве сега, додека шоферот го прегледа моторот, зедов од нозе каснав.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа значи дека лекарот може да го прегледа пациентот со скенер и потоа да ги види неговите внатрешни органи во ВР.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лекарот кој едно двапати го прегледа рече дека нешто му ги јаде џигерите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зоки се жртвува Стариот чичко доктор дојде да го прегледа болниот Зоки и притоа рече: - Ќе треба да му ја испитаме крвта на Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Докторот Татули кога дојде во четвртокот, го прегледа Илка и му даде одново лекови против треска.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му го прегледа и срцето, се восхити и побара ракија да се напие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Докторот што го прегледа, рече дека е последица од насилното спречување на функцијата на левата рака бидејќи кај левучарите тоа е вродена особина да се склони повеќе кон развивањето на левата рака.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во четвртокот кога дојде во селото доктор Татули, Мил го викна да го прегледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го викнаа докторот Татули кој еднаш неделно доаѓаше во селото, го прегледа и им рече: - Повредите ќе му минат, но детево треба да се пази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)