го (зам.) - праќа (гл.)

Секогаш Кире го праќаше, ако треба негде да се оди место Тодор да оди го пушташе Кирета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И од оваа мимолетна средба, неочекувана и ненадејна, во устата почувствував горчлив вкус, а во пазувите студенило што ми го праќаше павтежот од полите на зелениот мантил на тој човек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Мама ме прати, ако имаш две јајца на заем да ми дадеш, дека торта ќе прави“, како по правило ти снемува баш тогаш, а самопослугата ти е далеку по жешкото да го праќаш детето... мозокот ќе му изгори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Настана тишина страшна и сите знаевме дека тоа е некаков знак што Господ го праќа до нас, а во врска со смртта на царевата ќерка. Но никој ништо не прослови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прогласувајќи го целото население за морално одговорно за динамитната акција, тие масовно го праќале во краевите од каде што тоа во минатото било преселено во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
КОТЕ: Женска работа, што требало плачење, не го праќате на бесење, на печалба го праќате.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ангелија прекорно и плашливо рече: - Татко ми го праќа. Бара пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Godzillagram - најголем можен пакет на податоци, којшто одеднаш го праќаме по мрежата; еден godzillagram содржи 65536 октети
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги сскаше да не заостануваат, на Добра мажот го праќаше на крајот од колоната за да не се загуби баба Петра со пиленцата, и постојано на штрек да не го загуби деверот на Богородица кога скршнаа од насипот преку некои бавчи со голи дрвја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ви го праќаме овој писмен состав, а со цел да ви ги дополни знаењата за нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)