го (зам.) - празни (гл.)

-Добро - вели Фјодор и насмевката е повторно на неговото лице.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А токму тој што ме внесе во царството на блажената љубов вечерва почнува да го празни и второто шише.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека го празнеа овалот пред себе, Јана се трудеше да го планира утрешниот и наредните два дена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кутрата Риса! помисли Чана и веднаш се загна да го крева, додека другите, плукајќи наоколу, го празнеа кругот без да се обидат да ѝ помогнат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Фезлиев седи на тврдиот стол веднаш до вратата од претсобјето и го полни и го празни шаржерот на својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Има веќе цели дваесет минути само го полниш и го празниш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)