го (зам.) - почести (гл.)

Го почестија и кочобашијата. Овој од своја страна го почести мудурот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го почести Толета со една ракија и го задржа вечерта на конак дома. Зати, Толе дотука беше и кинисат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој виновно се врти на местото, скришум гледа час во старецот, час во неговата жена која се движи лесно, нечујно, - ја реди табаката, да го почести со слатко.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ги сочини и му ги принесе на книга наресани, убави како девици што ја хранат својата невиност, тој го почести со слава и чест и го седна до него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Килерџиите прво го почестуваат кумот, старосватот, оти потоа преминуваат на другите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика.  За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тргнав кон кујната за да го почестам сок, кога пак некој чукна на вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)