го (зам.) - пофали (гл.)

Народот од нас чека помош и заштита.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Браво, браво Гоце! - го пофали татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога инженерот се качи на убавиот бел коњ, командирот го пофали коџобашијата: - Аферим!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Голем мајстор си! - го пофали началникот од Сер. - Си играш со турската власт како мачка со глушец...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јаваш како Марко Крале на Шарецот - го пофали Тасе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Главниот инженер, со целата придружба, тргна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој е професионалец и јас не сакав да го доведам во ситуација заради нашите минати и сегашни релации да ме излаже, не сакајќи да ме навреди!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Рече дека сум напишала нешто убаво и го пофали мојот стил на пишување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Денес учителката пак го пофали пред цело одделение и рече дека тој ѝ е најдобриот ученик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Но она, за гревот, не спомнувај го. Има такви работи што треба да ги заобиколуваме. Од таквите нешта ми е шубе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Богами убави гаќички си избрал. А и комбинезонот е во тон“, го пофалив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денес учителката пак го пофали пред цело одделение и рече дека тој ѝ е најдобриот ученик.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред да го пофалам кафето, го пофалив селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Таму зиме чуваме неколку стотини овци и кози. - Многу имате – го пофалив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најчудно од сѐ беше што таа недела, иако со многу сарказам, го пофали ручекот што го подготви Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега ти, предложи утот, не чекајќи да го пофалам Што јас?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го прашав во себе, иако знаев што бара и што очекува од мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Прекрасно, прекрасен реферат! - се восхитуваше татенцето, другарката Оливера Срезоска само што не се расплака, од сè, срце, со пламени зборови го пофали другарот Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
9. КОЈ МНОГУ ВРАПЧИЊА НИШАНИ, НИЕДНО НЕ ЌЕ СТРЕЛНЕ - и за врапчињата пркнување, и за ловџијата спокој, во милосрдниот ресторан ќе го пофалат тој келнер гостите што ги служи со "МНОГУ ВРАПЧИЊА НА ОКО"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Браво, Трајче! - го пофали чичко Тале, го почука по рамото, му ја стегна раката и продолжи: - Таков те сакам. Да бидеш како татко ти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ти си добро другарче! - го пофали едниот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Алал ти вера! Досетлив си, нема збор! - восхитено го пофали Планински и му ја стегна раката да му честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче рече: „Грацио!“. „Боно бамбино!“ - го пофали војникот со брадичката, го помилува и му даде знак да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Е, пари чиниш! - го пофали Огнен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Јуначе си, Трајче, јуначе! - го пофали комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога заврши, Горјан го пофали: - Браво!!! Убаво свириш!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- го пофали чичко Анѓеле.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Убаво измисли - го пофали Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Многу е активен во еколошката секција“, го пофали тато Петре.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)