го (зам.) - потхрани (гл.)

А потоа, оној мрак во испразнетите куќи, стравот што демне од секое ќуше, а и темницата; она чувство што го потхранува таа: дека секогаш постои можност и некој друг да се појави од длабочините на ноќта, некој што исто така е претоварен со страв!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, имаше знаци дека поединци и пред вас влегувале во куќите, пребарувале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Убедени се дека со нивните покани за кафе, ручек, дружба по месечина, кога нивните сопруги се на бања, го потхрануваат моето его и дека, ете, така ќе ја избришат тагата во моите очи, која наводно се чита од далеку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)